Фудбалерите на Интер се вториот финалист во италијанскиот Суперкуп, откако во Ријад (Саудиска Арабија) убедливо го совладаа римски Лацио со 3-0.

Французинот Маркус Тирам му донесе водство на Интер во 17 минута, додека Чаханоглу со гол од пенал го зголеми резултатот на 2-0. Фратеси со голот во 87. минута само ја потврди убедливата победа.

Интер во битката за трофејот ќе ги одмери силите со Наполи, кој со идентичен резултат вчера беше подобар од Фиорентина. Средбата ќе се одигра в понеделник исто така во Ријад.

https://twitter.com/i/status/1748436985444712857