Српската ѕвезда Александар Митровиќ му донесе голема победа на Фулам со 3-2 во 90-та минута, во триумфот против Брентфорд со 3-2, што е прва за лондонскиот тим во новата сезона, а непријатно изненади Лестер со поразот на свој терен од Саутемптон со 1-2.
Фулам за 20 минути дојде до големи 2-0 откако Реид во првата минута и Палиња во 20-та погодија двапати во мрежата на Брентфорд, но премиерлигашот кој го понижи Манчестер јунајтед во минатото коло не се предаде, па Нордгард намали минута пред полувремето, а Иван Тонеј во 71-та израмни.
И кога сите очекуваа реми, Митровиќ беше побрз од судијата па даде гол за голема победа и пет бода за Фулам по првите три кола.
Вилфред Заха со два гола го предводеше Кристал Палас до победа со 3-1 против Астон Вила, а Евертон две минути пред крајот со гол на Греј се спаси од пораз во пресметката на „Гудисон Парк“ против Нотингем Форест за реми 1-1.
Лестер како голем фаворит го дочека Саутемптон и после девет минути во вториот дел Џејмс Мадисон донесе водство, но неочекувано гостите приредија изненадување со пресврт во завршната четвртина од мечот со два гола на Че Адамс, прво за израмнување во 68-та, а потоа во 84-та за победа.