Милан го доби дербито против Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со 0-1 и повторно се искачи на врвот на табелата во Серија А. „Росонерите“ сега имаат 60 бода, два повеќе од Интер, но имаат и еден одигран меч повеќе.
Францускиот интернационалец Оливие Жиру беше човек на одлука на ова дерби, слично како и на дуелот против Интер во Милано. Тој погоди во 49.минута и му донесе голем триумф на Милан.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 67.минута на местото на Лоренцо Инсиње, но тој и соиграчите не успеаја да го избегнат поразот.
https://twitter.com/CFCDUBois/status/1500578073867132930?s=20&t=izEmNX6CEhV52WC_5YCnCQ