Српската фудбалска јавност стравуваше дека нејзиниот национален тим ќе мора да игра без Александар Митровиќ во клучните средби за пласман на ЕП 2024 предвидени за овој месец, а дека биле непотребно загрижени потврди самиот напаѓач – со погодок.
Српскиот голгетер според арапските медиуми го повредил коленото на вчерашниот тренинг на саудискиот прволигаш Ал Хилал, поради што наводно било решено привремено да не биде во тимот, што се покажа како – погрешна информација. Митровиќ не само што беше стартер на денешното гостување кај Ал Фатех, туку по само пет минути му донесе водство на својот тим со прецизен удар од пенал, што беше деветти гол за него во последните шест натпревари.
Ваквиот епилог ќе ги израдува фудбалските вљубеници кај нашиот северен сосед, кој на 19 ноември ќе ги одмери силите на домашен терен против Бугарија, против која им треба најмалку еден бод за да го осигура пласманот на следниот континентален собир.