Македонската женска репрезентација до 19 години ја оствари првата победа на квалификацискиот турнир од втората рунда во групата Б, откако денеска триумфира убедливо против Молдавија со 4-0.

Билјана Панеска го постигна првиот гол за Македонија во 18. минута, а до крајот на првото полувреме погоди и Катерина Петкова.

Македонија во вторите 45 минути постигна уште два гола, и тоа преку Ева Андонова во 73. и 81. минута од натпреварот.

Младите фудбалерки во второто коло ќе одат на дуел против Литванија на 6 април од 12 часот.