Македонскиот фудбалски првак Шкупи доведе уште едно големо засилување во напаѓачкиот ред. Откако вчера го претстави левиот бек Бесир Демири, денеска во тимот пристигна сенегалецот Алберт Ламане Диене.
Се работи за напаѓач и актуелен репрезентативец на Сенегал. Диене има 24 години и може да игра на повеќе позиции во навалната линија.
За репрезентацијата на Сенегал има одиграно шест натпревари и еден постигнат гол.