Арсенал покажа дека е многу моќен бидејќи за само девет минути буквално настрада шпанска Севилја, која во минатата сезона водеше дури и битка за шампионската титула во Ла Лига, па така Андалузијците примија дури четири гола во периодот од 10-та до 19-та минута.
Букајо Сака и новото засилување Габриел Жесус дадоа по два гола, колку да најават дека Арсенал годинава нема да пропушти шанса за едно од првите четири места кои водат во Лигата на шампионите, ама и дека сериозно ќе загризат за европски трофеј во Лига Европа, како втора опција да се дојде до место во европската елита.