Ужасни вести доаѓаат од Авганистан, откако бомбаш-самоубиец се разнесе и усмрти 19 луѓе на меч во крикет во престолнината Кабул.
Играа Банд е Амир и Памир Залми, а на мечот присутни биле и гости од Обединетите нации (ОН). Засега не е позната причината за овој терористички акт, ниту пак некоја од терористичките организации ја презема одговорноста за нападот.
Ова е втор бомбашки напад за три дена, откако две лица загинаа на улиците на Кабул.