Овој натпревар го одбележа дуелот на суперѕвездите на двете екипи Србинот, Никола Јокиќ и Словенецот, Лука Дончиќ кои беа и најефикасните кошаркари на дуелот и остварија дабл-дабл. Словенецот заврши со 34 поени, 10 скока и 8 асистенции, а најдобриот играч на Денвер постигна 33 поени, 14 скока и 9 асистенции.
Екипата на Нагетс одлично стартуваше на натпреварот и првата четвртина ја доби со 40-24 што се покажа клучно за победникот. Далас ретко успеваше да дојде на едноцифрена негатива, а триумфот на домашниот тим ниеднаш не беше доведен во прашање. Покрај двете ѕвезди, се истакнаа Портер кај Денвер со 24 поени и Ирвинг кај Далас со 22.
Извонреден натпревар одиграа Оклахома и Голден Стејт во кој победи гостинскиот тим со 141-139, со кош на 2 десетинки пред крајот, дело на кошаркарскиот ас Стеф Кари.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Кливленд 121-116
Милвоки – Њујорк 110-105
Чикаго – Бруклин 107-109
Мајами – Вашингтин 121-114
Оклахома – Голден Стејт 139-141
Денвер – Далас 125-114