Српскиот ТСЦ Бачка Топола имаше водство во Лондон, но не издржа до крај и загуби со 1-3 од Вест Хем, а АЕК од Атина го шокира Брајтон со 3-2 во Лига Европа.

Голема радост за српскиот тим донесе Станиќ во 48. минута од дуелот, но гостите издржаа до 66. минута кога Петровиќ си постигна автогол, а потоа Кудуз и Соучек стрелаа за конечни 3-1 и триумф на стартот на групната фаза. Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски доби шанса дури во судиското надополнување и не можеше да влијае врз резултатот.

Брајтон по повеќе од еден век постоење првпат заигра на европска сцена, а дебито им го расипа грчкиот АЕК Атина која славеше на гости со 2-3. Иако избраниците на Роберто де Зерби беа фаворити, сепак, АЕК трипати имаше предност, а Брајтон израмнуваше двапати преку Жоао Педро од пенал. На крајот, со голот на Понсе во 84.минута, АЕК стигна до триумф.

https://i.mycdn.me/videoPreview?id=5489923656431&type=37&idx=0&tkn=QE5Z6J9z3rNZzk71aAC1Ymj1xIk&fn=external_8https://i.mycdn.me/videoPreview?id=5489923656431&type=37&idx=0&tkn=QE5Z6J9z3rNZzk71aAC1Ymj1xIk&fn=external_8

Ајакс и Олимпик Марсеј во Амстердам одиграа фантастичен меч и ремизираа 3-3, а Аталанта го победи Раков со 2-0, со головите на Де Кетеларе и на Емерсон.

Глазгов Ренџерс го победи Бетис со 1-0, со голот на Абдала Сима, а Спортинг Лисабон славеше на гости со 1-2 против Штурм.

 

Останати резултати:

Ајакс – Марсеј 3-3
Аталанта – Раков 2-0
Олимпијакос – Фрајбург 2-3
Ренџерс – Бетис 1-0
Спарта Прага – Арис Лимасол 3-2
Штурм Грац – Спортинг Лисабон 1-2