Фаворитите  Манчестер сити, Барселона и ПСЖостварија сигурни победи, а во дербито во Рим Лацио и Атлетико Мадрид одиграа реми, со драматичен гол на голманот на римјаните.

Ц. Звезда беше далеку од сензација, иако по едно полувреме во Манчестер имаше 1-0 против Сити. Тоа беше плод на едно мало невнимание на „граѓаните“, кои напаѓаа супериорно во првиот дел, но без да постигнат гол. Затоа во второто по две минути стигнаа до изедначување, преку Хулијан Алварез, а истиот играч донесе и водство за 2-1, во 60. минута, иако тој оди на душа на голманот на белграѓани, Омри Глазер. До крајот Родри ги постави конечните 3-1, резултат со кој заврши и првиот меч во оваа група Г, но во корист на гостинот Лајпциг, на теренот на Јанг Бојс.

Барселона ја демонстрира својата напаѓачка моќ и го демолира со 5-0 белгискиот првак Антверпен. Три од головите паднаа до 23. минута, по еден на Жоао Феликс и на Левандовски и еден автогол на Батај. Во вториот дел Гави ја продолжи серијата голови, а Феликс со втор гол потвди дека брзо се адаптира на оваа средина. Во оваа група Порто ги истакна своите амбиции за првите две места славејќи со 3-1 на гости кај Шахтар.

Едно од дерби-дуелите се играше во Париз, помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд, а „светците“ го скршија бундеслигашот во второто полувреме. Прво Мбапе погоди од пенал, а потоа Хакими го зголеми резултатот.

ГРУПА Е
Фејнорд – Селтик    2-0
Стенгс 45+2′ Џаханбахш 73′
Лацио – Атлетико М.    1-1
Бариос 29′ | Проведел 95′
ГРУПА Ф
ПСЖ – Борусија Д.    2-0
Мбапе 49′, Хакими 58′
Милан – Њукасл    0-0
ГРУПА Г
Манчестер С. – Ц. Звезда    3-1
Алварез 47’60’, Родри 73′ | Букари 45′
Јанг Бојс – Лајпциг    1-3
Елија 33′ | Симакан 3′, Шлагер 73′, Шешко 90+2′
ГРУПА Х
Барселона – Антверпен    5-0
Феликс 11′ 66′, Левандовски 19′, Батај (а.г.) 22′, Гави 54′,
Шахтар – Порто    1-3
Келси 13′ | Галено 8′ 15′, Тареми 29′