Англискиот премиерлигаш Ливерпул влезе во трка за Луис Дијаз и успеа да им го „украде“ пред нос на Тотенхем и на Манчестер Јунајтед. „Црвените“ ќе платат вкупно 50 милиони фунти за неговиот трансфер, од кои 37,5 милиони фунти веднаш, а останатите преку клаузули за успешност.

Антонио Конте долго го планираше доаѓањето на Луис Дијаз во Лондон, од позадина и Манчестер Јунајтед работел на негов трансфер, но влета Јирген Клоп и речиси експресно ја заврши работата.

Трансферот треба да биде комплетиран во најбрз можен рок.