Италијанскиот репрезентативец Џанлука Скамака е голема желба на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд. Раководството на клубот е подготвено да плати 45 милиони евра за младиот и квалитетен напаѓач кој треба да биде наследник на Ерлинг Халанд.

Сепак, во игра за Скамака е и Интер. Тренерот Симоне Инзаги го посакува во тимот како надополнување на напаѓачката линија, посебно по повредата на Кореа. Во завршните денови од преодниот рок  талентираниот млад напаѓач на Сасуоло ,Скамака ќе треба да ја одбере најдобрата опција за продолжување на кариерата.