Спектакуларниот гол на Гудељ од огромна далечина го реши натпреварот. Севилја ја прекина лошата серија и конечно запиша победа, откако на гостувањето кај Мајорка беше подобра со 1-0, а херој на гостите е Србинот Немања Гудељ.
Гостите од Андалузија не покажаа ништо посебно на теренот, а Мајорка беше поконкретна во нападите, иако не искористи ниту еден, по што казната стигна во 53. минута.
Иско успеа да навлече неколку фудбалери кон себе, по што додаде до Гудељ, а Србинот без многу двоумење испрати удар од голема далечина и ја затресе мрежата на домашниот голман.
Севилја со триумфот се искачи на 13. место и има девет бодови, колку и Мајорка која поради подобра гол-разлика е една позиција пред тимот од Андалузија.