Денот за ждрепки во Нион, ги донесе и двојките во плеј-оф рундата пред елиминациите во Конференциската лига, во која ќе учествуваат еден актуелен и еден поранешен македонски репрезентативец со своите клубови.

Енис Барди и Трабзон спорт ќе треба да го минат Базел, за да се пласираат во осминафиналето од КЛ, додека Иван Тричковски со својот АЕК Ларнака за противник го има Днипро-1.

Ова се дуели на екипите кои завршија втори во групната фаза од Конференциската лига, како што е АЕК, против тимовите кои, како третопласирани во Лига Европа, продолжуваат ниво подолу, како Трабзон. Победниците од овие дуели, закажани за 16 и 23 февруари, ќе им се приклучат на првопласираните од КЛ, во осминафиналето.

 

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ РУНДА

Карабах – Гент

Трабзонспор – Базел

Лацио – Клуж

Бодо/Глимт – Лех Познањ

Брага – Фиорентина

АЕК Ларнака – Днипро-1

Шериф Тираспол – Партизан

Лудогорец – Андерлехт