Кристијано Роналдо е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед и ќе го стори тоа доколку тимот не успее да се квалификува во Лигата на шампионите следната сезона, според The Sun, додавајќи дека тој веќе го известил Ричард Арнолд, кој ќе ја преземе улогата на извршен директор во клубот следниот месец.
Според англискиот таблоид, Роналдо кој во февруари ќе го прослави својот 37 роденден сака да игра фудбал до својата 40 година, но сака да ја заврши кариерата како шампион, а за такво нешто во Манчестер Јунајтед може само да сонува на моментот кога победничката атмосфера и резултатите се далеку од неговите очекувања.
Со враќањето на Олд Трафорд Роналдо потпиша двегодишен договор со клубот убеден дека во него има тим подготвен да атакува на титулите. Манчестер Јунајтед е далеку од тоа во моментов, само на седмото место на табелата со 32 бода од 20 одиграни натпревари.
Водечкиот Манчестер Сити има 56 поени од 22 натпревари.