Во овој натпревар Хофенхајм до 12 минута успеа да постигне три гола и водеше со 3-0, но на крајот беше поразен со 4-3.
Перфектно тргна натпреварот за домашната екипа. Со двата гола на Бултер во петтата и осмата минута домаќините стекнаа двојна предност, а потоа во 12-та мин. погоди и Хложек за 3-0. Сепак, пресвртница веројатно беше црвениот картон на Нсоки уште во 18. минута.
Тоа Вердер знаеше да го искористи и веднаш почна да се враќа и успеа да направи неверојатен пресврт. На 3-1 намали Малатини, а потоа Јенс Стаге во 26. и 39. минута донесе израмнување (3-3). На стартот на второто полувреме, истиот фудбалер го комплетира хет-трикот и веќе од 49. минута Вердер водеше со 4-3. Тој резултат на крај се покажа и како конечен.