Светското првенство за фудбалски ветерани кои повеќе не играат и се во пензија ќе биде организирано следното лето, и тоа во период по финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) и почетокот на Европското првенство (ЕП).
Организација составена од поранешните врвни фудбалери и спортски бизнисмени е зад целиот проект и ќе учествуваат осум тимови, а „Дејли Мејл“ пишува дека тоа ќе бидат Англија, Аргентина, Бразил, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Уругвај.
Се очекува учество на Кака, Роналдињо, Ривалдо, Мајкл Овен, Фабио Канаваро, Роберто Карлос, Тјери Анри, Месут Озил, Франческо Тоти, Диего Форлан и други.
Доколку се реализира планот, тогаш турнирот ќе трае една недела, но засега не е познат стадионот на кој ќе се играат натпреварите.