Навивачите на Фиорентина излегоа со соопштение поради трансферот на Душан Влаховиќ во Јувентус.
Главната навивачка група на Фиорентина „Curva Fiesole“ излезе со соопштение поврзано со Душан Влаховиќ.
Најжестоките навивачи на Фиорентина беа остри кон српскиот напаѓач, кој на крајот на јануари го засили клубот од Торино.
Навивачите го нападнаа Влаховиќ, претседателот на клубот, генералниот директор и Јувентус.
„Секогаш иста приказна. Влаховиќ е малечок човек без м*да, без чест, без почит, кој оди во тим без идентитет. Се изјаснуваше за фан на „виолетовата боја“ и не изневери, како и многумина досега, а и управа која ги продава нашите најдобрите играчи на историските ривали. Ништо не не изненадува и нема да си ја кубиме косата на главата затоа што изгубивме уште една будала“, стои во соопштението на „Curva Fiesole“, најжестоките навивачи на клубот од Фиренца.
Ова не им е првпат да го нападнат Влаховиќ откако се дозна дека оди во Јувентус, бидејќи претходно имаа страшни транспаренти со кои му се закануваа на српскиот фудбалер.