Канадската фудбалска репрезентација ги совлада САД во десеттото коло од квалификациите за Светското првенство во КОНКАКАФ зоната .
Канаѓаните на домашен терен славеа со резултат 2:0, а херои на победата беа капитенот на репрезентацијата Милан Борјан и напаѓачот на Бешикташ ,Кајл Ларин.
Првиот гол на натпреварот го постигна Кајл Ларин во седмата минута, но Канаѓаните можеа да останат без триумф доколку голманот на Црвена Звезда не беше меѓу стативите.
Се играше 43. минута кога Борјан во негов стил по корнер го сопре ударот на Јунус Мусах.
Тоа беше дефинитивно најдобриот потег на натпреварот, а Канаѓаните на социјалните мрежи го пофалија својот капитен. Така еден од фановите го спореди со Мануел Нојер, но само во тренерка.
Точка на натпреварот стави Сем Адекугбе со гол во петтата минута од судиското надополнување.
Со оваа победа, Канада се доближи толку блиску до квалификациите за Катар што само чудо може да ја спречи да оди таму.
https://www.youtube.com/watch?v=_mJ3aztwbig