Фудбалерите на Сенегал ја победија Екваторијална Гвинеја со 3:1 и се пласираа во полуфиналето на Африканскиот куп на нации.
Сенегал без поголеми проблеми ја победи Екваторијална Гвинеја и отиде во полуфиналето на турнирот каде ќе игра против Буркина Фасо.
Буркина Фасо претходно го совлада Тунис и обезбеди место меѓу 4-те најдобри африкански селекции.
Актуелен шампион е репрезентацијата на Алжир, која во финалето во 2019 година го победи Сенегал, а сега селекцијата предводена од Садио Мане ќе се обиде преку Буркина Фасо да оди во финалето и да ја поправи грешката од 2019 година.
Што се однесува до самиот натпревар, Фамара Диједи го доведе Сенегал во водство во 28. минута, а израмни Јаник Буила во 57. минута.
Головите за победа на Сенегал ги постигнаа Чеик Кујате во 68 и Исмаила Сар во 79 минута.
Сенегал во полуфиналето на Африканскиот куп на нации на 2 февруари ќе игра против Буркина Фасо, а ден подоцна ќе играат домаќинот Камерун и Египет.
https://www.youtube.com/watch?v=rPnHCEOlZlw