Фудбалерите на Барселона дојдоа до посакуваните три бода во соочувањето со Лас Палмас во шпанската Примера.
Каталонците славеа со 1-0 и со тоа дојдоа на минус пет во однос на лидерот Реал Мадрид кој утре го пречекува Атлетик Билбао. Домаќините во првото полувреме постигнаа гол преку Рафиња, но истиот беше поништен поради офсајд, одлука која беше дискутабилна и за која сигурно ќе има коментари во наредниве денови.
Потоа гостите останаа без голманот Валес поради старт над Рафиња надвор од казнениот простор. Домашните играчи притискаа, се обидуваа да го матираат противникот и тоа им успеа во 59 минута кога нововлезениот Жоао Феликс мајсторски го пронајде Рафиња кој со удар со глава донесе радост за своите играчи и навивачите на стадионот.
Во 78 минута Феликс не реализираше чистзицер и тоа можеше скапо да ја чини Барса затоа што во 86 минута Молеро беше многу блиску до 1-1.