Германскиот голман пет години има кошмари поради шестте голови примени на истиот стадион во дресот на ПСЖ во легендарниот реванш од Лигата на шампионите во кој Каталонците победија со 6-1 и ја надополнија негативата од 0-4 по првиот меч во Париз.
„Немам зборови со кои можам да опишам како се чувствувам. Нашиот план го реализиравме до совршенство. Се чувствувавме како да играме дома во Франкфурт, беше неверојатно. Затоа и после натпреварот останавме на теренот, да се дружиме со навивачи кои не разбудија. Не ми се верува кога видов 30.000 фанови на нашиот клуб на трибините. Нивната поддршка беше неверојатна, насекаде на стадионот можеше да се види бела боја. Играм со години, но никаде претходно не сум доживеал вакво нешто. И пред да ме прашате – да, она што го доживеав во 2017 година, сега е заборавено“, изјави Трап пред новинарите.
Во полуфиналето од Лигата на Европа, Ајнтрахт ќе се соочи со Вест Хем, кој вчера го победи Лион со 3-0.