Барселона е елиминирана од Лигата на Европа, но сега се појави и нов голем проблем. Заврши сезоната за еден од најдобрите фудбалери на тимот, Педри кој се повреди на вчерашниот натпревар.

Педри го скинал мускулот на ногата и го очекува пауза од најмалку шест седмици. Тренерот Чави Хернандез сега ќе мора да се снаоѓа без својот главен играч за врска.

Барселона се надеваше дека во завршницата од сезоната во Ла Лига би можела да го нападне и првото место на Реал Мадрид, иако „кралевите“ сепак имаат голема предност на табелата.