Португалскиот ас Кристијано Роналдо (39 години) полека, но сигурно се приближува до петтата деценија од животот, но и покрај тоа и понатаму ги воодушевува фудбалските вљубеници со своите мајстории, особено во постигнување голови, што е негова специјалност.

Португалецот професионалната кариера ја почна во 2002 година во дресот на Спортинг Лисабон, по што беше дел однајголемите гиганти, екипите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и саудиски Ал-Наср. За овие тимови заедно и за националната селекција на Португалија постигна вкупно 873 голови, од кои речиси половина (450) беа во дресот на „кралевите“.

 

Станува збор за огромна бројка погодоци, кои беа инспирација за негов голем фан да направи видео-компилација буквално со секој гол досега во кариерата на Роналдо, за чие гледање ќе ви бидат потребни скоро три часа.