Српскиот напаѓач не застанува, а повторно стрелаше на гостувањето во Хал во 32. коло од шампионатот.

Митровиќ го постигна 31. гол oваа сезона во 57. минута и со тоа го израмни рекордот кој минатата сезона го постави Иван Тони, кој достигна 31 гол на 45 натпревари.

https://twitter.com/EFLTUR/status/1492537353700876289?s=20&t=_MrlTrjvU3s0X08AhzmaFg

Ова е 28. натпревар на напаѓачот на српската репрезентација во Чемпионшип сезонава, а нема дилема дека наскоро ќе стане рекордер на второто по ранг натпреварување во Англија.