Ливерпул и без најдобрите успеа да го победи Саутемптон на гости со 1-2, а тоа значи дека шампионот во Премиер – лигата ќе се решава во последното коло. Во пол-позиција и понатаму е Манчестер Сити, но тимот на Јирген Клоп има право да се надева.
Саутемптон поведе со голот на Натан Редмонд во 13.минута, а Ливерпул израмни во 27.минута преку Такуми Минамино.
Во вториот дел, Жоел Матип го постигна победничкиот гол за Ливерпул, кој на овој меч беше без Салах, Мане, Тијаго и без Ван Дајк.