Една од ѕвездите на Лидс Јунајтед, Рафиња, ќе го напушти „Иланд Роуд“ ова лето. Бразилскиот крилен напаѓач се договорил со Барселона за неговите лични услови. Сепак, за да дојде до трансфер, двата клуба ќе мораат да ја договорат и отштетата.

Преговорите ќе продолжат по завршувањето на сезоната. Причината за тоа е дека се уште не е јасно дали Лидс ќе го задржи местото во англиската елита, а каталонците сакаат прво да се ослободат од платите на некои играчи и да отворат слободно место во тимот на Чави Хернандез.

Рафиња има договор со Лидс до 30 јуни 2024 година. Оваа сезона има десет гола и три асистенции на 35 натпревари во Премиер – лигата. Во својата кариера, 25-годишниот Бразилец ги носеше дресовите на португалските Виторија Гимараеш и Спортинг Лисабон, како и на францускиот клуб Рен.