Во борбата за место во Премиер лигата влегуваат екипите на Нотингем и на Хадерсфилд.
Нотингем Форест го совлада Шефилд Јунајтед по подобро изведување на пеналите (3:2). На првиот меч на гости победија со 1:2, а вечерва загубија дома со 2:1 па мечот отиде во продолженија па на пенали.
А таму блескаше голманот Брис Самба кој одбрани три пенали и така го однесе својот тим во финалето на плеј-офот. Претходно одбрани уште неколку добри шанси на гостите во продолженијата со што ја заслужи наградата за играч на мечот.
На 29 мај на „Вембли“ Нотингем ќе игра против Хадерсфилд кој беше подобар од Лутон. Нотингем ќе се обиде да влезе во елитата за прв пат по 1999 година.