Лестер го победи Ливерпул со 1-0 во 20. коло од Премиер лигата. Со тоа Манчестер Сити му побегна на Ливерпул на шест бодови разлика.
Ливерпул имаше шанса да поведе во 16. минута. Мохамед Салах изведе пенал но неговиот удар го одбрани Каспер Шмајхел.
Лестер поведе во 59. минута со голот на Адемол Лукман. Напаѓачот на Лестер, Лукман го погоди долниот десен агол на Алисон и беше човек на одлука за победа на тимот на Брендан Роџерс.
Наредното коло Ливерпул е домаќин на Челзи на 2 јануари, а Лестер е домаќин на Норич еден ден претходно.