На вечерашниот натпревар против Лестер Сити, Мохамед Салах влезе како водечки стрелец во Премиер лигата со 15 гола од 18 натпревари, а убава можност да го зголеми бројот на голови имаше во 15. минута. Пеналот кој самиот го доби не успеа да го реализира, а потоа промаши празен гол и се покажа како трагичар во поразот на Ливерпул од 1-0.
Салах, кој беше во низа од 15 последователни прецизно изведени пенали во Премиер лигата, обидот од белата точка го одбрани Каспер Шмајхел, кој ја прочита намерата на напаѓачот на Ливерпул. Одбиената топка повторно дојде до Салах откако отскокна од тревникот. Египетскиот напаѓач од околу 6 метри со глава и ја погоди пречката.