Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа 3-3,во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Возбудувањата вечерва почнаа уште во втората минута кога Бернардо Силва го изненади Лунин и го совлада од голема далечина, од слободен удар. Типично за екипите кои ги води Гвардиола, Сити остана во напад место да се повлече на својата половина, па Реал го искористи тоа и преку Камавинга (или автогол на Диас) и Родриго го направи првиот пресврт на мечот. Со предност на домашниот тим се замина на одмор, а потоа во период од пет минути, од 66. до 71., со прекрасните голови на Фоден и Гвардиол, Сити го направи пресврт за свое второ водство.
Фил Фоден постигна фантастичен погодок од 18 метри и го натера Лунин уште еднаш да ја вади топката од својата мрежа.
За изедначување и да нема Сити предност пред реваншот виновник беше уругваецот Валверде со уште едан еврогол, на десетина минути пред крајот по едно нафрлување на Винисиус.