Фудбалерите на Манчестер Сити ја освоија осмата шампионска титула откако по голема драма и пресврт ја совладаа Астон Вила со 3:2 (0:1).

Тотенхем со победата во Норич од 5-0 обезбеди пласман во Лигата на шампионите, Арсенал ќе оди во Лига Европа исто како и Манчестер Јунајтед, додека Вест Хем во Конференциската лига.

Екипата на Барнли го загуби статусот на Премиерлигаш.

Ливерпул, како што се испостави, забележа пирова победа на домашен терен против Волвс од 2:1 (1:1), а Јирген Клоп утеха ќе бара во финалето на Лигата на шампионите на 28 мај со Реал Мадрид.

Се чинеше дека Ливерпул ќе успее да ги претекне „граѓаните“ во последните моменти од сезоната, кои 75 минути беа на колена, Астон Вила водеше со 2-0 на „Ерихад“, а потоа следеше чудо .

Пет минути им беа потребни на играчите на Пеп Гвардиола да постигнат три гола, два за Илкај Гундоган и еден за Родри и да паднат сите надежи на „црвените“.

Почна ужасно во Сити, по одличната акција по десната страна и центаршутот на Дињ, на вистинското место се најде Мати Кеш кој со глава го совлада Едерсон – 0:1.

Без шут во рамките на голот во првите 45 минути, Сити немаше на што да се надева, па мораше да одиградалеку подобро во продолжението.

Сепак, Астон Вила ја удвои предноста во 69. минута преку Фелипе Кутињо, па немаше друг избор освен Сити да нападне со сите сили.

И не дека им успеа, туку направија приказна за историјата.

Гундоган во 76. и 81. минута и Родри во 78. минута претворија во прав и пепел се што направија играчите на Вила досега.

https://www.youtube.com/watch?v=m29gc-zOwvU

Од друга страна, на Енфилд се играше третата минута кога после дегажирањето на голманот, топката дојде во шеснаесетникот по погрешната проценка на Конате, Хименез центрираше, а Педро Нето ја испрати топката во мрежата на Ливерпул за 0:1!

Диаз и Наби Кеита имаа можност да израмнат во 10. и 14. минута, но можеше да биде лесно и 0:2 доколку Леон Дендонкер беше попрецизен во 18. минута.

А потоа во 24. минута Ливерпул израмни.

Тиаго Алкантара одлично го проигра Садио Мане, тој рутински истрча пред голот и ја затресе мрежата за 1:1.

Гостите можеа да дојдат до ново водство во 38. минута, но Алисон одлично го одбрани ударот на Хван.

Во продолжение Ливерпул успеа да дојде до два гола и да победи, стрелци беа Салах во 84. минута и Енди Робертсон во 89. минута, но на крајот немаше славје, бидејќи Сити направи неверојатен пресврт на домашен терен против Астон Вила и славеше со 3:2.

https://www.youtube.com/watch?v=yAOdtMJzy84

Standings provided by SofaScore LiveScore