Коментаторот на РТС, кој го пренесуваше мечот од Светското првенство меѓу Бразил и Хрватска, се најде на мета на навреди од хрватските навивачи.
Имено, на многумина во Хрватска им пречеше начинот на кој го пренесуваше полуфиналниот натпревар од Катар.
Според нив, коментаторот паднал во еуфорија кога Бразил, односно Нејмар постигнал гол за водство од 1:0 во судиското продолжение, а на тоа не реагирал ниту блиску кога Хрватска израмнила преку Бруно Петковиќ.
@bobanr84РТС 1
„Малку си рано сине“, па „Уживај во Бразил во полуфинале и финале“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Тука не застана работата па продолжија со вербални напади и со пцости кон српскиот коментатор.