Играчот на Леванте и еден од најдобтите репрезентативец на Македонија Енис Барди очекува тежок натпревар со селекцијата на Ерменија и сигурен е дека ситници ќе решаваат.
„После Европското првенство сите очекуваат повторно нешто големо, но ние мора да одиме од меч во меч. Со оваа сегашна генерација со новиот селектор со кој долго време се знаеме, а имаме и некои нови играчи, мора да сме трпеливи, зашто секој меч ни носи нешто ново, а ништо негативно, без оглед дали сме победиле или загубиле. А, Македонија досега покажа доста, покажа дека игра за нешто, игра за нешто убаво и игра добро, а не за петто или четврто место. Мислам дека направивме доста многу добри работи и само треба да продолжиме така“. – изјави Барди.
„Веројатно ќе решаваат ситници на утрешниот натпревар. Најважно е ние да сме подготвени и да знаеме што бараме на теренот. Овој меч е многу важен и за нас и за Ерменија. Треба да влеземе на терен со заедништво како никогаш досега и тоа е клуч за победа. Имаме нови фудбалери и треба време за да се вклопиме, но тоа не е некој преголем проблем. Ние сите сме свесни што нѐ очекува и мора да дадеме сѐ од себе. Тоа е најважно“. – додаде тој.