Сити имаше повеќе од играта во првиот дел, но и Њукасл создаде свои прилики. Подобрата игра донесе и гол за водство на Манчестер Сити кој го постигна дефанзивецот Јошко Гвардиол.
Со минимална предност, Сити замина и на паузата. По 15-тина минути игра во вториот дел Њукасл доби најстрога казна, а сигурен реализатор беше Гордон.
По тој гол избраниците на Пеп Гвардиола не успеаа да создадат посериозна прилика, па така и резултатот не се промени. Ова беше прв натпревар од почетокот на сезоната на Манчестер Сити во кој Халанд не постигна гол.