Големиот фудбалски талент на Барселона, Марк Бернал, доби нов договор од каталонскиот гигант и покрај тешката повреда на лигаментите која ја доживеа во четвртото коло од Примера, на натпреварот против Ваљадолид.
Неговата рехабилитација ќе трае нешто повеќе од девет месеци, но тоа не беше причина за Барса да не ја продолжи соработката со него, поставувајќи неверојатна откупна клаузула од пола милијарда евра!
Новиот договор е со важност до 2029 година, што значи дека управата целосно верува во квалитетите на 17-годишниот тинејџер, кој остави силен впечаток со своите игри за Барса на почетокот од сезоната.
Интересно е тоа што според „Трансфермаркт“, Бернал во моментов вреди само еден милион евра, но очигледно е дека Барселона има поинакви математики.