Индивидуалците кои ќе се натпреваруваат и понатаму на различни настани ќе мора да се појават без руски обележја, а поради тоа Русија сака да го возврати ударот и затоа почна преговори за создавање на нови спортски натпреварувања со земјите од БРИКС, односно меѓународната организација на водечки сили во развој, каде што се уште и Бразил, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
Руските медиуми пишуваат дека Министерството за спорт наскоро ќе одржи состанок со претставниците на спортските сојузи на останатите земји и ќе се договорат за спортската иднина на овие земји.
На состанокот се очекува да бидат приклучени и членките на Заедницата на независни држави (ЗНД), односно Азербејџан, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан и Узбекистан.