Мурињо исто како и против Специја реши да го гледа натпреварот од тимскиот автобус, а не да седи на трибините на „Олимпико“. По завршувањето на дуелот, Џанлука Манчини за „ДЗАН“ откри што им рекол тренерот на играчите во соблекувалната.
„Мурињо ни рече дека толку добро ни оди што тој нема да се врати на клупата“, рече Манчини. „Тој ме пофали што конечно не добив жолт картон, што е навистина ретко. Не можам да се сетам кога последен пат се случило тоа“, додаде дефанзивецот.