Со спектакуларен настап, Леброн Џејмс ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 124-116 над Голден Стејт Вориорс. Неверојатниот Леброн на 38-годишна возраст постигна 56 поени со 10 скока и три асистенции. Погоди 19/31 (61%) од игра, 6/11 (55%) за три и 12/13 (92%) од линијата за слободни фрлања.
Така тој го израмни својот трет најдобар учинок во кариерата во НБА во постигнати поени во еден натпревар. Истото го направи уште во 2005 година во дресот на Кливленд Кавалирс, додека во 2017 година постигна 57 (исто така во Кливленд), а во 2014 година го постигна најдобриот учинок во кариерата со 61 поен играјќи за Мајами Хит.
Заедно со Леброн, синоќа најдобри за Лејкерси беа Расел Вестбрук со 20 поени и четири скока и асистенции и Кармело Ентони со 14 поени и осум скока. Вориорс ги предводеше Стивен Кари со 30 поени, додека Џордан Пул постигна 23.
Оваа победа може да биде многу важна за Лејкерси кои се борат да влезат во плеј-офот. Се поизвесно е дека патот до него ќе го бараат преку плеј-ин турнир, но сепак треба да го обезбедат и да се обидат да влезат во него од најдобрата можна позиција.