Лука Модрич брилјираше во победата на Реал Мадрид над Реал Сосиедад (4:1) во дербито од 27. коло на Ла Лига. Со асистенција и прекрасен гол започна пресвртот за триумф кој може да се покаже клучен во борбата за титулата. Имено, Реал со победата над истоименикот од Баскија се зацврсти на првото место со дури осум бода предност пред Севиља, единствениот конкурент за титулата.

Во најважниот момент Модриќ покажа колку му значи на Реал, бидејќи гостите водеа со 1:0 пред крајот на првото полувреме. Но, за само три минути Модриќ најпрвин му постави гол на Камавинга за израмнување, а потоа со левата нога од преку 20 метри го постигна еден од најубавите голови во кариерата за пресврт и 2:1.

https://twitter.com/Abdou13825998/status/1500229897079427073?s=20&t=jt1dQNSyesuelDHaAO2OMQ

Марка, најчитаниот шпански весник, му напиша ода на Модриќ по неговата совршена игра и голотија. „Каква голотија на Модриќ! Бомбетина, молк… Хрватот најпрвин ја сокри топката од Давид Силва, а потоа со ефектен потег создаде место да го скрши запрепастениот голман Рамир со фантастичен удар од левата нога. Ако голот на Камавинга беше добар , овој е уште подобар.