Ужасни сцени од стадионот „Ел Корегидора“ во мексикански Керетаро, каде истоимениот домаќин требаше да игра против актуелниот шампион Атлас. Немаше натпревар бидејќи избувнаа невидени немири. Хулиганите кои ги следат двата клуба брутално се степаа на трибините на стадионот, тунелите, соблекувалните, во каналот кој ги дели трибините од тревникот и на теренот.

На снимката се гледа неверојатната суровост што во таа прилика ја покажаа мексиканските хулигани. Тие постојано прикажуваат групи хулигани кои се изживуваат на безживотното тело, и како разбеснета толпа ја отстранува облеката на жртвата.

Станува збор за ритуал кој мексиканските хулигани го презеле од тамошните сурови нарко-картели. Тоа дополнително ја понижува ривалската жртва, а на тамошните хулигани им е особено важно да го соблечат дресот на мртвиот навивач. Но, тоа не им го прават само на противничките хулигани, туку и на обичните, мирни навивачи.

https://twitter.com/PonyJimenez/status/1500344599952330752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500344599952330752%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fstravicne-scene-iz-meksika-cipelarenje-i-skidanje-bezivotnih-tijela-na-stadionu%2F2344960.aspx

Сите кои ги гледаа болните сцени од стадионот во Керетар, а особено оние кои беа таму, не им веруваат на официјалните податоци. Цивилната заштита на Керетаро соопшти дека никој не загинал освен жртвите: „22 се повредени, од кои девет се пренесени во болница, каде двајца се во критична состојба“.

Сепак, многу повеќе му веруваат на познатиот спортски новинар Дејвид Медран Феликс, кој изнесе неофицијални податоци за дури 17 загинати во нередите.