Реал Мадрид е победник на шпанскиот Суперкуп. Во финалето го совлада Атлетик Билбао со 2:0, а стрелци беа Лука Модриќ и Карим Бензема од пенал. За Реал ова е 12-та титула во Суперкупот и сега има само една помалку од Барселона, која има најмногу.

Стрелец на првиот гол на натпреварот беше Модриќ во 38. минута. Родриго мина убаво по десната страна, ја играше возвратната топка, а Модриќ од прва шутираше од 16 метри и со неодбранлив удар го совлада Унаи Симон за водство на Реал од 1:0. Конечните 2-0 ги постави Бензема во 52. минута од пенал.

https://twitter.com/rmdanalysis/status/1482792780321726464?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1482792780321726464%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=http%3A%2F%2Fsportpress.mk%2FD0B2D0B8D0B4D0B5D0BE-D0BCD0BED0B4D180D0B8D187-D0BDD0BED181D0B8-D0B2D0BED0B4D181D182D0B2D0BE-D0B7D0B0-D180D0B5D0B0D0BB-D0BCD0B0D0B4D180%2F

Можноста за враќање на Билбао беше дадена во 89. минута кога Едер Милитао фаулираше пенал поради играње со рака и заработи директен црвен картон, но Тибо Куртоа го прочита искусниот Раул Гарсија и му одбрани пенал.