Шошкиќ е еден од најголемите голмани во историјата на југословенскиот фудбал, кој во младинските денови играше и за Ц. Звезда и за Партизан, но најголем белег остави во црно-белиот дрес за кој одигра 155 меча во периодот од 1955 до 1966 година, а успеа и еднаш да се запише во листата на стрелци. Потоа пет години играше во германски Келн, каде одигра 65 меча и кариерата ја заврши во 1971 година.
Беше југословенски репрезентативец и националниот дрес го носеше 50 пати, а беше голман во славната генерација која во 1960 година дојде до олимписко злато, а истата година и до сребро на Европското првенство.
Беше голман на Партизан во финалето во Купот на европските шампиони во 1966, кога партизановите бебиња со пресврт загубија од Реал Мадрид со 1-2.