Славниот бразилски фудбалер Робињо (37) ја загуби правната битка против италијанската држава и денеска му беше потврдена казната од девет години затвор.
Робињо и неколку пријатели беа обвинети за силување на 23-годишна девојка во Милано во 2013 година, а италијанскиот суд го осуди на девет години затвор.
Жалбата на адвокатот на пресудата не вроди со плод. Денеска е потврдена казната од девет години, а Робињо е и официјално осуден силувач.
Италија сега се обидува да дојде до славниот фудбалер. Се наоѓа во Бразил, а оваа земја не ги екстрадира своите граѓани во други земји.
Сепак, италијанскиот суд ќе побара од 37-годишниот Бразилец казната да ја отслужи во родната земја и официјално ќе го испрати тоа барање. Неговата судбина е во рацете на бразилската држава и ќе видиме каква одлука ќе биде донесена.
Да потсетиме, овој случај се случи додека Робињо играше за Милан каде настапуваше од 2010 до 2015 година.
Во својата богата кариера настапуваше и за Сантос, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Гуангзу, Атлетико Минеиро, Сиваспор и Башакшехир.