Баерн Минхен доживеа неверојатен срам откако е елиминиран од третолигашот Сарбрикен во 1/16 – финалето на Купот на Германија. Тимот на Томас Тухел загуби со 2-1 што е огромна сензација.

Томас Милер во 16.минута донесе водство за Баерн и се чинеше дека фаворитот лесно ќе дојде до победата. Сепак, Сонтајмер израмни во 45.минута, а Марсел Гаус постигна победнички погодок за Сарбрикен во 95.минута од мечот.

Борусија Дортмунд се пласира во осминафиналето по триумфот над Хофенхајм со 1-0, со голот на Марко Ројс, а Баер Леверкузен славеше со 2-5 на гости против Сандхаузен. Ајнтрахт Франкфурт со 0-2 го победи тимот на Викторија Келн.