АТП испрати писмо до играчите дека само вакцинираните ќе можат да играат на турнирите во Франција.
Тоа секако го вклучува и Ролан Гарос.
Е-поштата беше означена како „важна“, а нејзиниот наслов гласеше „Барање за вакцинација во Франција“.
Во текстот понатаму се наведува дека Тениската федерација на Франција го известила АТП за усвојување на законски акт со кој ќе се забрани учество на невакцинирани лица на спортски настани,
Нема да може да се влезе со антитела од претходна инфекција ако тој играч не примил барем една доза од вакцината. Потребна е или потврда за вакцинација или потврда дека не можат да примат вакцина од медицински причини.
Отвореното првенство на Франција е на програмата од 16 мај до 5 јуни.