Футсал репрезентацииите на Португалија и Србија го отворија овогодинешното Европско првенство.
Во натпреварот од првото коло од групата А, „орлите“ вечерва во Амстердам беа поразени од актуелниот светски и европски првак Португалија со резултат 4:2, иако Србија имаше водство од два гола.
Пршиќ искористи пенал во втората минута, а пет минути подоцна истиот играч го удвои водството на Србија.
Сепак, остатокот од натпреварот го одбележа Португалската репрезентација.
Паулета во 11. минута ја преполови предноста на Србија, а пред крајот на полувремето Варела израмни на 2:2.
Во ист стил Португалците продолжија и во вториот дел од играта, а натпреварот во нивна корист го решија Хесус и Пако, со головите во 26. минута за конечни 4:2.