Рајо Валјекано доживеа тежок пораз од последниот тим во Ла Лига, Елче со 0-4 во рамки на 32. коло од шпанската Ла Лига.

Проблемите за гостите почнаа во 27. минута кога Флориан Лежен доби црвен картон, по што во завршницата од првото полувреме Тете Моренте погоди за 1-0.

Екипата на Столе Димитриевски доживеа вистински шок на стартот на вториот дел, откако за две минути прими два гола, а стрелци беа Боје и Фидел, додека конечните 4-0 ги постави Гумбау во 72. минута од натпреварот.

Рајо останува на деветтата позиција со 43 бодови, додека Елче е последен со 16 бода.

За Елче ова е само трета победа сезонава и тимот остана закован на дното на табелата со само 16 бодови, дури 12 помалку од 19-то пласираниот Еспањол. Рајо е со 43 бодови на деветото место и сега има минимални шанси да се бори за излез во Европа.