Фаворитите остварија сигурни победи во нокаут натпреварите во Африканскиот Куп на нации и не дозволија изненадувања.
Фудбалерите на Нигерија славеа против селекцијата на Камерун со 2-0 (1-0), потврдувајќи ја фаворитската улога. Адемола Лукман беше двоен стрелец за Нигеријците, со што ја донесе победата за својата земја. Нигерија постигна гол уште на стартот по девет минути игра, меѓутоа голот беше поништен. Лукман беше стрелец во 36. минута, а потоа и во 90. за конечните 2-0.
Репрезентацијата на Ангола ја совлада Намибија со 3-0 (2-0), во натпревар кој двете селекции го завршија со по десет играчи. Анголците први останаа со човек помалку, а и покрај тоа поведоа преку Гелсон Дала, а потоа Хауконго доби втора јавна опомена и беше исклучен. Дала уште еднаш погоди пред паузата за 2-0, а конечниот резултат го постави Мабулулу по 66 минути игра.